Search

Преговаравме со Хамилтон, признаа од Ферари

Ферари официјално призна дека преговарале со Луис Хамилтон за негов трансфер во тимот во 2021 година.

Во последните неколку недели се шпекулира дека Британецот се сретнал со претседателот Џон Елкан, а самиот шесткратен светски шампион во Формула 1 не го демантираше ова по неговата победа во Абу Даби.

– Веќе стана јасно дека Луис разговарал со нашиот претседател и ние сме поласкани што не само тој, туку и други пилоти, исто така, сакаат да дојдат кај нас. Секој што е на стартната линија сака да биде дел од Ферари. Нашиот договор со Леклер е за неколку сезони, додека договорот на Себастијан Фетел истекува на крајот на 2020 година. Сепак, во оваа фаза, рано е да решаваме за иднината. Ние внимателно ќе ги одмериме нашите опции и ќе донесеме најдобра одлука за тимот, рече извршниот директор Луис Камилери.

До денес, Хамилтон е дел од Мерцедес веќе 7 години, освојувајќи 5 од своите титули во „сребрената стрела”. Неговиот договор, вреден 40 милиони фунти по сезона, истекува на крајот на следната година.

Треба да знаете
Последни објави