Search

Прегазил 9-годишно девојче и избегал

Девет годишно девојче од скопското село Крушопек било тешко повредено откако било удрено од автомобил што го управувал несовесен возач, вчера попладнето на патот село Лека -село Крушопек.

Веднаш по несреќата тешкоповреденото девојче со друго возило било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Автомобилот управуван од непознат возач веднаш избегал од местото на несреќата.

Полицијата извршила увид и го бара возачот.

Треба да знаете
Последни објави