Search

Прегазил пешак па избегал

Кавадарчанец прегазил пешак, па избегал по несреќата, вчера во Кавадарци, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 13.30 часот на улицата Цано Поп Ристов. Тогаш Б.Г.(48) од Кавадарци, управувајќи автомобил „лада караван“  удрил во П.Т.(66) од село Глишиќ.

По несреќата возачот избегал без да му помогне на пешакот, кој со тешки повреди бил пренесен во болницата во Кавадарци.

Увид на место извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. Се работи на расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави