Search

Прегазил малолетничка на велосипед, па избегал

На 12.07.2019 во 14 часот во Скопје на крстосницата од улиците Горно Лисиче и Горноврановска, се случила сообраќајна незгода во која засега непознато патничко моторно возило удрило во велосипед „Династи“, управуван од малолетничка од Скопје  и  го напуштил местото.

Малолетничката била пренесена во Градска општа болница Св.Наум Охридски, каде и била констатирана  тешка телесна повреда.

Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави