Search

Прегазил велосипедист па избегал

Скопјанец бил прегазен од непознат возач, кој по сообраќајната несреќа избегал без да му помогне на повредениот, информираше МВР.

Според полицијата, вчера околу 10 часот  во Секторот за внатрешни работи Скопје од комплекс клиники “Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен К.К.(61) од Скопје.

Како што пријавиле од болницата, К.К. објаснил дека во четвртокот околу 13 часот во населба Илинден возел велосипед кога бил удрен од возило. Тој не забележал за какво возило станува збор, а возачот веднаш избегал.

Полицијата презема мерки и активности за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави