Search

Прегазен пешак во Скопје

На 04.05.2019 година во 10.30 часот на булеварот „Партизански одреди” во Скопје, товарно возило „мерцедес спринтер” со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.А.(44) од село Милетино, тетовско, удрило во пешакот Н.И.(77) од Скопје. Н.И. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември”. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави