Search

Прегазен пешак во Битола

Вчера во 14:40 часот на крстосница од улиците „Козјак” и.„Караорман” во Битола, патничко возило „мерцедес”, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(48) од Битола, удрило во пешак Х.Р.(61) од Битола. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Битола.

Треба да знаете
Последни објави