Search

Прегазен десетгодишник во Куманово

На 17.02.2020 во 17.25 часот било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ во Куманово патничко возило „фолксваген шаран“, со австриски национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(47) од Куманово удрило во 10-годишен пешак од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа СВР Куманово.

Од МВР информираат за уште една сообраќајка вчера, но во Скопје.

На 17.02.2020 во 13.00 часот било пријавено дека на ул.„Ферид Мурати“ во Скопје патничко возило „бмв 320“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(30) од с.Бојане, скопско, удрило во пешакот Р.Б.(63) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Р.Б., која била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави