Search

Прегазено 6-годишно момче во Скопје

Дете на возраст од шест години се здобило со тешки повреди откако било удрено од автомбил.

 

Несреќата, информираат од полицијата, се случила вчера околу 15:30 часот на регионалниот пат Хиподром – Јурумлери.

-Патничко моторно возило „Сеат“ со скопски регистерски таблици управувано од Ј.И. (58) од Скопје удрило во дете на возраст од шест години. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено и задржано во Комплекс клиники “Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави