Search

Прегазено 10-годишно дете во центар на Скопје

Синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило управувано од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете пешак на возраст од 10 години.

Од МВР информираат дека детето во незгодата се здобило со тешки телесни повреди, по што било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави