Search

Прегазено момче во Тетово, возачот избегал

На 16.08.2019 во 08,00 часот, било пријавено дека во Тетово, на крстосницата од булеварот „Видое Смилески Бато“ и улицата „Браќа Миладиновци“ за сега непознато патничко моторно возило удрило во пешакот В.И. (24) од Тетово, по што го напуштило местото на настанот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Тетово.

Треба да знаете
Последни објави