Search

Прегазено девојче во Велес

Автомобил прегазил девојче, вчера во Велес, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 14 часот на улица Алексо Демниевски.

Тогаш автомобил „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управуван од К.К.(33) од Велес, удрил во 11-годишно девојче од Велес. Девојчето со тешки телесни повреди е пренесено во општата болница Велес.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Треба да знаете
Последни објави