Search

Прегазена старица кај „Скопјанка“, возачот избегал

На 01.06.2020 во 16.00 часот било пријавено дека на булевар Кузман Јосифоски-Питу во Скопје непознато патничко возило удрило во пешакот Ц.Б.(80) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.

Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави