Search

Прегазена скопјанка пренесена на Ургентен

Дваесет и тригодишна скопјанка се здобила со тешки повреди откако била удрена од автомобил на булеварот „Никола Карев“ во текот на попладневните часови на 20. ноември.

Автомобилот „голф“ кој удрил во девојката, бил управуван од 57-годишен скопјанец.

Дваесет и тригодишната девојка со возило на Итна медицинска помош најпрво била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, по што била препратена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави