Search

Преведена публикацијата „Алгоритми и човекови права”

Имајќи го предвид брзото темпо на технолошките промени, развојот на техниките за автоматска обработка на податоци (алгоритмите) и нивното влијание врз човековите права, на барање на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во рамки на проектот ЈУФРЕКС, на македонски јазик е преведена публикацијата на Советот на Европа „Алгоритми и човекови права”.

Сè поголемата улога на алгоритмите во донесувањето одлуки покренува низа прашања за човековите права:

  • Кој е одговорен кога ќе се повредат човековите права врз основа на алгоритамски подготвени одлуки – лицето што го програмирало алгоритамот, операторот на алгоритамот или пак лицето што ја спровело одлуката
  • Дали постои разлика меѓу вака донесените одлуки
  • Како влијае тоа врз начинот на кој се остваруваат и гарантираат човековите права во согласност со утврдените стандарди за човекови права, вклучително и начелата на владеење на правото и судските постапки

Публикацијата не се стреми сеопфатно да се осврне на сите аспекти поврзани со влијанието на алгоритмите врз човековите права, туку има за цел да прикаже дел од најважните актуелни прашања од гледна точка на човековите права за Советот на Европа, како и да разгледа евентуални регулаторни алтернативи за кои земјите-членки може да размислат за да ги сведат негативните ефекти на минимум или за да поддржат добри практики.

Публикацијата можете да ја преземете на следниот линк: Алгоритми и човекови права.

Треба да знаете
Последни објави