Search

Првa Aфроамериканка кандидат за потпретседател, Трамп веднаш реагираше

Камала Харис, сенаторка од Калифорнија, е првата Афроамериканка во американската историја којашто е номинирана за заменик претседател од една од двете водечки партии.
Таа е номинирана од претседателскиот кандидат на Демократската партија Џо Бајден за кандидат за потпретседател на САД.

Ова е четврта жената којашто ја кандидира партијата. Претходните тројца изгубија сè, две како кандидати за потпретседател и Хилари Клинтон како ривал на Доналд Трамп. Камала Харис се кандидираше за претседателска номинација на Демократската партија пред да го поддржи Бајден.

Кога беше избрана во Сенатот во 2016 година, таа беше втората афроамериканска сенаторка во историјата на горниот дом на американскиот Конгрес. Пред да биде избрана за сенатор, таа беше главен државен обвинител на Калифорнија.

Харис реагираше на Твитер и наведе дека и е чест што е номинирана и дека Џо Бајден може да ги обедини Американците. Таа е позната по острите прашања, особено за време на расправата за потврдата на кандидатурата на Брет Кавано за судија во Врховниот суд.

Нејзината кандидатура за потпретседател би можела да придонесе за поголем одѕив на афроамериканските гласачи – кои се најлојалниот електорат на Демократската партија, пренесува Ројтерс.

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е изненаден што неговиот противник Бајден ја одбрал Камала Харис за свој кандидат за потпретседател, бидејќи, како што вели, таа била многу лоша кон самиот Бајден за време на дебатите.

Трамп рече дека Харис била „многу, многу непријатна“ кон Бајден за време на внатрешните партиски избори на демократите, пренесува Ројтерс. Како што вели тој, една од причините што го изненадува е тоа што таа веројатно била непријатна и се однесувала кон Бајден со непочитување.

Треба да знаете
Последни објави