Search

Прв школски час за првачињата во Бутел

Денеска, 01.10.2020 г. во Општина Бутел, со почитување на сите пропишани протоколи, започна новата учебна година во  сите седум основни училишта, за учениците од прво до трето одделение. Фокусот беше ставен на првачињата кои за првпат и со голема возбуда влегоа во процесот на образованието. Во оваа 2020/21 училишна година во Општина Бутел се запишани 535 првачиња во седумте основни општински училишта.

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски  ги посети седумте основни училишта и на сите првачиња им посака успех во новата учебна година.

Инаку, централната приредба се одржа во ОУ ,,Живко Брајковски,, каде што им беше приреден прекрасен пречек на првачињата: со многу детски песни, со шарени балони и со насмеани лица на нивните учителки.

Градоначалникот Смилевски истакна дека сите седум основни училишта се подготвени за старт на новата, необична  учебна година во која сите сме погодени од корона вирусот. Тој додаде дека освен што училиштатата се подготвени за физичко присуство на учениците, завршени се и сите подготовки за он-лајн настава. Сите наставници добија лаптоп комјутери, како и тоа дека сите училишта имаат квалитетен пристап до интернет. Исто така, додаде градоначалникот Смилевски дека Општината уште во февруари им помогна на преку 70 социјално ранливи семејства кога им беа подари компјутери на учениците за да можат да ја следат наставата.

Денеска, на првиот училишен ден сите 535 првачиња  од градоначалникот Велимир Смилевски добија на подарок по еден училишен прибор.

 

Треба да знаете
Последни објави