Search

Прв фестивал на традиционални преспански специјалитети на 16 Јуни во Дупени

На 16 Јуни на плажата во селото Дупени на Преспанското езеро ќе се одржи привиот фестивал на традиционални преспански специјалитети. Локалното население со големо задоволство се одзва на поканата на Општина Ресен во недела на плажата која се наоѓа на самата гранична линија со Грција да ги презетира старите и заборавени рецепти препознтиливи од Преспа.

Посетителите на фестивалот кој ќе се одржи во недела со почеток во 12 .00 ќе можат да пртобаат: аршлама, ѓомлезе,  зелници, питулици со лук, цирони, белвици домашни леб и сирење, гравче, органски мед, сокови од разни овошија препознатливи за овој регион и уште многу други традиционални рецепти кои не можат да се најдат на менито на ниту еден ресторан во Македонија.

На фестивалот ќе имате можност да ги запознаете и угостителите од регионот на Мала Преспа во Албанија кои ќе ни се придружат на овој настан за да ги споделат6 со нас нивните локални производи и традицинални јадења.

Преспа Ве очекува за да Ве изненади со незјните малку познати богатсва за пошироката јавност. Не ја пропуштајте оваа ретка можност и пшридружете ни се во недела на плажата во Дупени каде што покрај прекрасната храна ќе можете да уживате и во убавата музика на ди џеј Ацe Мицe , одбојкарскиот турнир и прекрасниот залез на сонцето во Преспанското езеро.

Треба да знаете
Последни објави