Search

Прв состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска во Софија, ќе ја предводи владината делегација која ќе учествува на првиот состанок на Заедничката меѓувладина комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, чии ко-претседавачи се министерот Димитров и министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева.

„Заседавањето на Комисијата се одржува согласно обврските кои произлегуваат од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан меѓу двете земји во август 2017 година“, нагласуваат од Министерството за надворешни работи.

Во рамките на програмата на Меѓувладината комисија, предвидени се билатерални средби на министрите Димитров и Захариева, како и средби на хомолозите од ресорите економија, одбрана, локална самоуправа, образование и наука, транспорт и врски; на кои ќе се зборува за постигнатиот напредок во соработката во овие области, по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, а ќе се разговара и за идните активности и проекти.

Треба да знаете
Последни објави