Search

Прв случај на Ковид-19 во бегалски камп во Грција

Жена кој престојува во организираниот бегалски камп „Рицона” во близина на грчкиот остров Евија е заразена со коронавирусот, со што ова е прв случај на Ковид-19 меѓу мигрантите и бегалците во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за миграција и азил на Грција информираат дека жената била тестирана веднаш откако се породила во атинска државна болница, а се чекаат резултатите од анализите на бебето.

Примерок за тестирање бил земен и од лице со кое живеела жената, а резултатот е негативен, додека пак претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција ги проверува контактите на заразената и ги презема неопходните мерки за заштита како на оние кои што се сместени во бегалскиот камп, така и на вработените.

Според грчките медиуми во карантин е медицинскиот персонал што за време на породувањето бил во контакт со жената.

Треба да знаете
Последни објави