Search

Прв пораз за Тотенхем под водство на Конте

Премиерлигашот Тотенхем вечерва загуби од Мура со 2:1 во Конференциската лига на УЕФА.

Победничкиот гол за словенечкиот тим го постигна напаѓачот Амадеус Мароса во 94. минута во последните моменти од дуелот во Марибор.

Ова е прв пораз за клуб од Лондон по назначувањето на Антонио Конте за тренер. Пред тоа Спарс ги победија Витесе (3:2) и Лидс (2:1), а ремизираа со Евертон (0:0).

На средбата со Мура, Тотенхем играше со десетмина од 32. минута поради исклучувањето на Рајан Сесењон.

Следниот натпревар Тотенхем ќе го игра на 28 ноември против Барнли во 13. коло од Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави