Search

Прв национален натпревар во сајбер-безбедност

Агенцијата за електронски комуникации и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT, како организациска единица во Агенцијата, го организираат првиот Национален натпревар во сајбер-безбедност – хакатон, CyberMK 2020. Целта е промоција и примена на вештини и знаења од областа на сајбер-безбедноста, во насока на идентификација и развој на идни професионалци за компјутерска безбедност во државата.

CyberMK 2020 се одржува целосно онлајн, со индивидуално и тимско натпреварување спроведено во фази. Дизајниран е да им поставува задачи и предизвици на учесниците во различни области на сајбер-безбедност, како што се етичко хакирање, откривање на упад, компјутерска форензика, анализа на логови, Reverse engineering и друго. Натпреварувањето комбинира примена на елементи за дизајн на игри и принципи на игра, со интерактивни предизвици, за тестирање на знаењето за сајбер-безбедност во широк спектар на домени.

Натпреварот е отворен и со фокус на младите од 15 до 27 години и студентската популација. Почна на 2 март 2020 и досега се одржани фазите за претквалификација и полуфинале.

Денеска, 30 март, во периодот 11 до 15 часот се одржува индивидуално финале во кое учествуваат 33 најдобри учесници, а утре во истиот период ќе се одржи тимски натпревар. Од 16 часот утре е планиран онлајн-настан за натпреварот на кој ќе се разговара за сајбер-безбедноста, потребата од развој на експерти и новите технологии.

Повеќе информации за CyberMK 2020 натпреварот се објавуваат на https://facebook.com/cybermk2020 и на веб-страницата https://cyberstars.pro/cybermk

Треба да знаете
Последни објави