Search

Прв Конгрес на Унија на Жени на Демократска партија на Турци

На ден 24.03.2019 година во Скопје Демократската Партија на Турците го одржи првиот Конгрес на Унија на Жени на ДПТ.

На Конгресот присуствуваа Претседателот на Демократската Партија на Турците г-дин Др.Бејџан Илјас, Почесниот Претседател на ДПТ г-дин Др.Ќенан Хасипи, пратеникот г-дин Јусуф Хасани, заменик министер на МТСП г-дин Ѓонул Бајрактар, Државниот Секретар на МОН г-дин Енвер Хусеин, градоначалникот на општина Центар Жупа Аријан Ибраим, претставници од македонскиот и албанскиот политички блок, делегати на Женскиот форум на ДПТ.

На конгресот кој што започна со националните химни на Република Северна Македонија и Република Турција, продолжи со говорот на претседателот на партијата Др.Бејџан Илјас кој во својот говор рече :

“Ние, Демокртаската Партија на Турците, знаеме дека политиката во која се игнорираат жените не може да успее. Со години, се обидувавме да им го отвориме патот на жените од нашата партија кон политиката . Среќни сме што успеавме во тоа и што можам да ги видам овие стотици жени Турчинки кои стојат тука пред нас испреплетени во политиката.

Илјас: “Горди сме и ја цениме поддршката на нашата татковина Република Турција кон нас и нашата држава. Досега, нашата партија напорно работеше да ги одржи односите во највисоко ниво кои верувам ќе ги продолжиме заедно со вас.

Во вториот дел од конгресот беше изгласан деловодникот за работа на Унијата на жени на ДПТ, членовите на советот и претседателката на Унија на Жените.

Од вкупно 250 делегати 224 делегати на конгресот едногласно за претседател на Унија на Жените ја избраа Шасине Касами. Исто така,едногласно беше одобрена листата на кандидати за совет составена од 37 члена.

Ново избраната претседателка на Унијата на Жени на ДПТ Шасине Касами, изјави дека:

„Во база на општинските организации постоеа подружници на жени на ДПТ, но денес им ставивме круна на нашите активности и се формиравме на централно ниво. Мило ми е што денес на конгресот присуствуваат делегати од цела Македонија. Ова е показател за нашето богатство. Ние сега имаме одговорност. Бидејќи сме активни во политиката,свесни сме за недостатоците и за потребите на нашиот народ. Познато е делувањето на нашата партија ,ние без отстапување од таа линија, ќе сториме сé што треба да направиме за нашиот народ заедно со младинскиот огранок и целокупното раководство на партијата . Ова е тимска работа. Денес се собравме како тим . Присуството на 224 делегати не е случајност, ова е резултат на нашата сериозна работа. Нашиот пат е долг, нашиот пат е тежок, но сите заедно ќе постигнеме поголеми успеси„

Треба да знаете
Последни објави