Search

Прв дел од руски ПВО систем испорачан во Србија

На Армијата на Србија днеска и беше испорачан првиот дел од рускиот ПВО систем Панцир С1. Тоа го потврди српскиот министер за одбрана Александар Вулин.

Панцир С1 беше донесен со руски транспортен авион.

Со таа набавка на одбранбено оружје „единствено такво во регионот”, Србија продолжува со јакнење на одбранбената моќ и зголемување на потенцијалот на спротиставување, се вели во соопштение од Министерството за одбрана.

Договорот меѓу Србија и Русија за набавка на една батерија од Панцир С1 составен од шест одделни системи, беше склучен лани.

Треба да знаете
Последни објави