Search

Прв бесплатен агрегат за сите туристички агенции и нивните понуди

Започна со работа првиот агрегат за туристички агенции „Кајак.мк”. Цел на проектот е да го олесни начинот на пребарување понуди за патувања до одредени дестинации, но и да се дојде до превозници со редовни линии или изнајмување на превозни средства за приватни потреби.

На сајтот се објавуваат и вести поврзани со туризмот, каде покрај секојдневата лавина од информации, на корисниците им се овозможува и директен разговор со лицата кои работат на проектот, а кои може да им понудат корисни совети на посетителите.

Од „Кајак.мк” велат дека платформата започнала како „пилот-верзија” се со цел да согледат што е тоа кое треба да трпи промени, но и да ги слушнат барањата на патниците кои постојано пребаруваат. Најважни за нив се мислењата и очекувањата од самите туристички агенции.

Според нив, страницата е добро дизајнирана, но во престојниот период ќе бидат вметнати нови и свежи алатки за поедноставување при пребарувањето или советувањето.

„Она што е од исклучителна важност за патниците е „LAST MINUTE” категорија, за која во моментов разгледуваме начин за имплементација во системот. Таа треба да биде ефикасна, брза и точна. Летото ни доаѓа, а со тоа доаѓа и доста работа. Не сакаме да ја изгубиме довербата на клиентите кои веќе стекнаа навики да пребаруваат исклучиво на Кајак, а според досегашната бројка на посетеност верувајте дека сме и повеќе од задоволни.

Агрегатот „Кајак.мк” додаде и нова категорија наменета за превозниците, која во моментот постепено се ажурира. На почетната страна, може да се најдат сите ново и свежо објавени понуди од сите туристички агенции, а воедно и да се пребатуваат понуди по дестинации.

На инстаграм и фејсбук профилот на „Кајак.мк” може да се забележат и доста фотографии и видеозаписи  од далечни дестинации, за кои како што вели тимот, се објавуваат со цел да создадат поголем интерес за далечни патувања.

Проектот може да го погледнете на: http://www.kajak.mk

Треба да знаете
Последни објави