Search

Првпат отворено и искрено: Деми Мур зборува за дрогирањето, љубовта и разводите

Познатата холивудска актерка Деми Мур има многу бурен и интересен живот. Го поминала трнливиот пат до „ѕвезда“.

На јавност и е позната уште од 17 годишна возраст, а зад себе има три брака. Деми Мур (56) одлучи за својот турбулентен живот да проговори во книгата.

Според зборовите на уредникот на магазинот Харпер, книгата ќе биде таа која ќе ги изненади и ќе ги покрене читателите да ја читаат.

Книгата ќе излезе во септември, а во неа, Деми, ќе ја опише борбата со зависноста и траумите од детството.

Пораснала со својот татко поради кој многу често се селеле низ Америка, пред да го изврши своето самоубиство кога Деми била многу мала.

Нејзината мајка имала досие во полициската станица затоа што често ја апселе поради возење во алкохолизирана состојба и предизвикување пожари.

Сето тоа, заедно со здравствените проблеми кои ги имала младата Деми, влијаело на нејзиното бурно минато. Го напуштила средното училиште, се дрогирала и се омажила многу млада. Сето ова ќе се најде во нејзината книга која што оваа холивудска актерка ја подготвува.

Во неа ќе станува збор и за нејзините три брака. На само 17 години го запознала музичарот Фреди Мур, со кој што напишала три песни и за кој се омажила во 1980-та година. Во брак биле пет години.

Две години подоцна, се омажила за Брус Вилис, со кој поминала тринаесет години во заедница. Со него има три деца- Румер (30), Скаут (27) и Талула (25).

Пет години подоцна, поточно во 2005-та година се омажила за актерот Ештон Кучер од кој се развела седум години подоцна.

– Книгата е женска приказна. Тоа е приказна за една жена која случајно станува една од најпознатите актерки на сите времиња… Мислам дека читателите ќе бидат многу изненадени со оваа книга“ – рекла  уредник.

Таа додала дека тоа е приказна за опстанок, успех, предавства, но и борба.

Треба да знаете
Последни објави