Search

Прво кафе без кафе: По хамбургерот без месо и сирењето без млеко, на ред доаѓа “молекуларното” кафе

Замените за производи го освојуваат пазарот на намирници, па така денес постојат хамбургери без месо, сирење без млеко, јајца без јајца, а во најава е и кафе без кафе.

Нутриционист и директор на стартап компанијa , собираат пари за истоимениот производ кој ќе претставува еден вид на молекуларно кафе. Со оглед на тоа што се идентификувани главните ароми на омилениот напиток, имаат намера да пласираат прав на пазарот, кој има сличен вкус, но не е направен од зрна кафе.

Основачите на американската компанија со седиште во Сиетл сѐ уште не знаат на која намирница ќе се заснова нивниот производ. Тие моментално експериментираат со сончоглед и семки од лубеница, но велат дека и многу други намирници доаѓаат предвид.

Идејата се родила од практични причини: истражувањето на британската Кралска ботаничка градина, објавено во списание, покажува дека околу 60 отсто од билките кафе во целиот свет се изложени на ризик од изумирање поради климатските промени. Тринаесет видови, вклучувајќи го и кафето “арабика”, важат за опасно загрозени, а во такви околности на светот му се потребни алтернативи.

“Нашата мисија е да создадеме кафе со добар вкус, а не само да ја заштитиме околината… Сакаме да направиме подобро кафе кое ќе биде одржливо и на располагање во наредните 500 години”, изјавил Стопфорд. Засега постои само прототип, кој има пофин и помалку горчлив вкус. Со самото тоа, млекото не е потребно, а основачите имаат визија да понудат и сорти кои покриваат различни вкусови.

Треба да знаете
Последни објави