Search

Прво интервју на новиот чешки претседател: Украина треба да влезе во НАТО

Новоизбраниот чешки претседател Петр Павел денеска изјави дека на Украина треба да ѝ се дозволи влез во НАТО „штом војната ќе заврши“. Павел, пензиониран генерал на НАТО, изјави за Би-би-си дека Украина ќе биде „морално и практично подготвена“ да ѝ се приклучи на алијансата кога ќе заврши конфликтот.

Во своето прво интервју како претседател за странски медиуми, Павел цврсто ја бранеше западната воена поддршка за Киев велејќи дека не треба да има „речиси никакви ограничувања“ за пратките.

Тој додаде дека за него испраќањето западни борбени авиони „Ф-16“ не е табу, но дека не е сигурен оти тие би можеле да бидат испорачани во време што би му одговарало на Киев.

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја отфрли можноста за испраќање „Ф-16“ оваа недела иако францускиот претседател Емануел Макрон рече дека ништо не е исклучено.

„Се гордеам што мојата земја беше една од првите што обезбеди значителна воена помош за Украина“, изјави Павел за Би-би-си.

Тој го поздрави испраќањето тенкови од Западот во Украина, но додаде дека верува оти „сè уште не е доволно“ да се спротивстави на Русија.

Треба да знаете
Последни објави