Search

Прво апсење на полицијата во Хонг Конг според новиот закон за национална безбедност

Полицијата во Хонг Конг соопшти дека го извршила првото апсење откако стапи во сила новиот закон за национална безбедност, јави ДПА.

Полицијата соопшти дека е уапсен маж кој го држел знамето за независност на Хонг Конг, што е прекршување на новото законско решение што е изгласано во Пекинг, а почна да се применува од вчера, додаде германската агенција.

„Ова е прво апсење откако законот влезе во сила”, на Твитер соопшти полицијата на Хонг Конг.

На сликата што полицијата ја стави на Твитер се гледа како знамето на кое пишува „независност за Хонг Конг” лежи на тротооарот, а покрај него стои маж.

Тој носи маица на која пишува „Ослободете го Хонг Конг”, пренесуваат британските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави