Search

Прволигашите и второлигашите ги заменија термините за првенствените обврски

Поради репрезентативните обврски со натпреварите од 9. и 10. коло во квалификациската група за пласман на ЕП-2020, во кој најдобрата македонска фудбалска селекција ќе игра со Австрија на 16 ноември во гости и три дена потоа дома со Израел, направена е рокада во термините од домашните клупски натпреварувања во Првата и Вторите лиги.

Мечевите од 14.  прволигашко коло од недела се поместени за в сабота со почеток во 13 часот, освен средбата Работнички – Шкендија која останува да се игра в недела поради закажаниот директен тв-пренос на Арена Спорт и МРТВ.

Ова поместување за прволигашите ги пренасочи мечевите од 12.коло во второлигашката конкуренција во источната и западната група кои ќе се одиграат в недела со почеток во 13 часот.

Треба да знаете
Последни објави