Search

Први голови за прва победа на Вардар

Вардар конечно во третото коло од новата сезона во македонската прволигашка фудбалска конкуренција ги постигна првите голови и стаса до првата победа во дуелот со соседот Работнички (2:0). Стрелци на головите во второто полувреме  кај „црвено-црните“ беа Колевски и Аврамовски.

На почетоот од натпреаврот се закани Работнички, но голманот Гачевски беше на висина на својата задача. Ефикасната игра Вардар ја најави во финишот од првиот дел преку Мицевски и Колевски, за да на почетокот од вториот дел стигна до предност. По ударот Аврамовски и одбиената топка од голманот Шишковски, во мрежата ја испрати Колевски.

Возврати Работнички но неефикасно, за да на крајот пред последниот судиски свиреж  Аврамовски ги симна  сите дилеми со втор гол за Вардар.

Треба да знаете
Последни објави