Search

Првите пратеници на Македонија повикаа да се гласа ЗА на референдум во недела

Првите пратеници на Македонија повикаа да се гласа ЗА на референдум во недела

Пратениците на првиот парламентарен состав на независна Република Македонија денеска одржаа прес конференција во Собранието на која ги повикаа граѓаните да излезат на референдумот и да гласаат ЗА. Тие порачаа дека Договорот со Грција не го загрозува идентитетот, туку дека зацврстува. Поранешните пратеници сметаат дека ЕУ и НАТО се единствен алтернатива за Македонија и дека земјата не смее да ја пропушти оваа шанса.

-Ние имавме историска можност во ваше име да ги удриме темелите на нашата независност. Ние мислиме дека имаме прво да ве повикаме заедно да направиме вистински чекор во вистинско време. Вие со право можете СДСМ и Зоран Заев да ги почитувате или не, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ги почитувате или не, ДУИ и Али Ахмети да ги почитувате или не, но Македонја мора да ја сакате. Вашите ставови кон политичките партии и лидери искажете ги на избори. Ова е референдум ние веруваме дека вистинската одлука на 30 септември е да се излезе на референдум и да се гласа ЗА – рече поранешниот пратеник Алил Џаферовски.

На новинарско прашање за Договорот тој одговори:

-Македонската нација оста македонска, македонскиот јазик останува македонски, Македонија останува Македонија без оглед на географската одредница, која не ја детерминира националноста. Наш став е дека со зокружување на ЗА, со позитивно изјаснување на референдумот ја заокружуваме државата и ги зацврстуваме темелите на иднината на оваа држава – рече тој.

Треба да знаете
Последни објави