Search

Првите две жртви на грип во Србија од Белград и Нови Сад повеќе заболени сега отколку минатата сезона

Две лица чија смрт може да се поврзе со вирусот на грип се од Белград и Нови Сад и беа хронични пациенти, кажаа од Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут”.

Помошник директорот на „Батут“, Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ, вели дека е тешко да се утврди дали вирусот на грип е причина за смртта бидејќи станува збор за луѓе кои се хронични пациенти и имаат зголемен ризик за создавање компликации.

Станува збор за вирус од типот А кој и се очекуваше и кој се наоѓа во вакцината.

Според податоците на „Батут”, од почетокот на сезоната 2018-2019, заклучно со 4 јануари 2010 година, во Србија се регистрирани 47 612 лица заболени од грип, што е за 13 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, кога беа регистрирани 41 380 лица.

Пријавени се 21 случај на тешка акутна респираторна инфекција, а со лабораториско тестирање на девет примероци, кај три е потврден вирусот на грип А (Х1).

Се проценува дека на годишно ниво во светот од грип умираат помеѓу 290 000 и 650 000 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави