Search

Првиот човек на ПСЖ заработи обвинение за давање поткуп

Јавниот обвинител на Швајцарија денеска поднел обвинение против претседателот на францускиот фудбалски првак ПСЖ, Насер Ал-Келаифи и поранешниот генерален секретар на ФИФА
Јоаким Валке за примање и давање поткуп.
Ал-Келаифи, покрај што е претседател на ПСЖ, тој е и сопственик на „БеИН Медиа
Груп“, а исто така е и член на Извршниот одбор на ФИФА. Против овие двајца е покренато обвинение поврзано со доделувањето на телевизиските права за Светските првенства.
Ал-Келаифи за неговата групација да ги обезбеди правата за Светските првенства
(период од 2018 до 2030) со 1,25 милиони евра го подмитил Валке. Инаку поради
други нечесни работи во 2016 година е исфрлен од фудбалот.
Докажано е дека Валке со тогашниот прв човек на ФИФА Сеп Блатер земал поткуп за
продажбата на телевизиските права за натпреварите од мундијалите.
Валке покрај парите добил и други бенифити од Ал-Келаифи, како што е
користењето на луксузната вила на Сардинија која е сопственост на првиот човек на
ПСЖ.

Треба да знаете
Последни објави