Search

Првиот руски „Панцир“ во Србија пристигнува до крајот на неделата!

До крајов на неделава на Србија ќе и биде испорачан првиот од шесте системи за противвоздушна одбрана  „Панцир 1“ од Русија според догворто кој го направија министерствата за одбрана на двете земји. Српските војници веќе се обучени за ракување со ова ефикасно оружје, пренесуваат медиумите од двете земји.

„Панцир С1“ е хибриден топовско-ракетен систем кој обединува ракети „земја-воздух“, два топа калибар 30 милиметри, набљудувачки и нишански радар, како и оптички блок за надзор и управување со огнот.

Системот е поставен на камион „Урал“ со категорија 10 тони и конфигурација 8х8.

Системот со контејнерски облик може едноставно да се постави и на оклопен транспортер или помал брод.

Основната намена на „Панцир“ е заштита на важни точки како аеродроми, командни места, комуникациски јазли. Со овој систем може да се има ефикасна одбрана од авиони, хеликоптери, крстосувачки ракети, беспилотни летала и наведувани бомби.  Со „Панцир“ може да делува и против тенкови, оклопни транспортери, борбени возила на пешадијата.

-Ова е оружје што гарантира долготраен мир. „Панцир“ станува дел од нашето вооружување, рече министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин.

 

 

Треба да знаете
Последни објави