Search

Прва суперлигашка победа на ППК”Крива Паланка 2007″

Во третото коло од пингпонгарската Суперлига на Република Северна Македонија, тимот на ППК “Крива Паланка 2007” ја забележа првата победа сезонава, во камбекот на настапите во супер лигата по една деценија.

  • Нашиот клуб сезонава се врати во елитната државна Суперлига по една деценија отсуство. Во сезоната 2010/11 со јуниори бевме прваци во супер лигата, по што поради финансиски причини не продолживме.Оваа сезона сме повторно присутни, одигравме две кола минатиот викенд, играјќи во адаптиран, ослабен, состав поради Ковид-19, зашто два наши првотимци не настапија, а и денес игравме со таков состав,но имавме среќа и остваривме прва победа во Суперлигата, со 4:2 против Струга. Во тимот го имавме најмладиот играч, Лука Стаменковски,со осум ипол години и Игор Јовановски, највозрасниот член на клубот,кој прв започнал со тренинзи во истиот, рече Мартин Стаменковски, претседател и тренер на ППК “Крива Паланка 2007”.

Со овој моментен видоизменет играчки состав, клубот е во борба за средината на табелата, додека, како што нагласи Стаменковски, доколку се комплетира составот со двајцата првотимци, се очекува да се борат за плејофот.

Она што е специфично е што клубот настапува на турнирите и игра натпревари без тренинзи, поради Ковид-19 ситуацијата.

Сите натпреварувања од оваа лига се играат во спортската сала”Борис Трајковски”, Скопје, а следниот викенд ППК”Крива Паланка 2007″ ќе игра против “Вардар” и “Телеком Нец”.

Треба да знаете
Последни објави