Search

Прва седица на Претседателството на новото косовско Собрание

Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца ја свика за денеска првата седница на собраниското Претседателство, во време кога двете партии победнички на изборите, Двиежењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) се уште немаат постигнато договор за формирање на нова влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението, на денешната седница на Претседателството ќе се разгледаат барањата за именување делегации кои ќе го претставуваат косовскиот парламент во Парламентарното собрание на Процесот за соработка на Југоисточна Европа – СЕЕЦП и во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Глаук Коњуфца од ВВ беше избран за претседател на на седмиот по ред параламентарен состав, произлезен од вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври минатата година, на конститутивната седница на Собранието на 26 декември.

Треба да знаете
Последни објави