Search

Прва мала просторна интервенција во студентскиот дом „Пелагонија” во Скопје

Младински образовен форум во соработка со Здружението за развој на урбана култура и актуелизација на простор МЕЛЕЕМ денеска ја постави првата мала просторна интервенција во студентскиот дом „Пелагонија” во Скопје, со цел создавање дополнителен простор за студентите каде ќе можат да го поминуваат своето време.
Како што соопштија од МОФ, примарната цел на проектот е поттикнување на институциите на потранспарентно и поодговорно управување со студентските домови, како и вклучување на други институции, организации и правни лица за подобрување на условите во домовите.
Идејата е произлезена од Работилницата за мали просторни интервенции во студентските домови одржана во февруари, а во која учествуваа студенти по архитектура од целата држава, меѓу кои и студенти-станари во студентскиот дом „Пелагонија”.
Според програмскиот координатор во МОФ, Петар Барлаковски, оваа просторна интервенција претставува мало поместување во насока на подобрување на инфраструктурата на домовите.
Целта на оваа активност, како што истакна Сара Симоска, претседателка на МЕЛЕЕМ и партнерска организација која работи на проектот, е да се внесат нови содржини во отворените и заборавени простори во самиот студентски дом.
-Малите просторни интервенции се доказ дека овие интервенции можат да бидат двигател на многу општествени промени. За крај, интервенцијата останува на грижата на самите студенти со што се создава чувство на припаѓање и одговорност кон нивниот дом, рече Симоска.

Ова активност е во рамки на проектот „Ангажирани студенти за студентски домови без корупција во Северна Македонија” поддржан од Фондацијата Отворено општество.

Во текот на месец октомври ќе се реализираат уште две просторни интервенции во домовите „Кочо Рацин” и „Браќа Миладиновци”.
Треба да знаете
Последни објави