Search

Првата пловечка нуклеарна централа стигна на својата цел

Првиот пловечки нуклеарен реактор во светот, кој Русија го изгради и покрај предупредувањата од здруженијата за заштита на животната средина, денеска пристигна на дестинацијата во близина на изолиран руски град спроти Алјаска, објави руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“.

Реакторот кој го носи називот „Академик Ломоносов“, на 23. август тргна на патување долго 5.000 километри преку водите на Арктикот кон североисточен Сибир.

Нуклеарната агенција „Росатом“ тврди дека реакторот е поедноставна алтернатива од изградба на конвенционална копнена нуклеарна централа на површината која цела година е замрзната. Работата на реакторот би требало да започне кон крајот на годината.

Конструкцијата на „Академик Ломоносов“ кој е долг 144 метри започна во 2006 година во Санкт Петербург.

Во Певек, град со 5.000 жители во сибирскиот регион Чукотка, реакторот ќе ги замени локална нуклеарна централа што е пред затворање и термоцентралата која е веќе затворена.

Нуклеарната индустрија развива помали и поевтини реактори за привлекување нови клиенти, а тие можат да работат нон-стоп од три до пет години, без додавање на гориво.

Треба да знаете
Последни објави