Search

Првата пилот-серија од вакцината „Спутник V” испратена низ руските региони

Првата пилот-серија од вакцината против коронавирус „Спутник V”, наменета за ризичните групи, веќе е испратена во руските региони, изјави портпаролот на руското Министерство за здравство.

-Првата група од вакцината „ Спутник V”, развиена од националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја ” на руското Министерство за здравство, е испратена во регионите, рече портпаролот на министерството, јави Тасс.

На 11 август Русија стана првата земја во светот што регистрира вакцина против коронавирусот и ја нарече „ Спутник V”.

Треба да знаете
Последни објави