Search

Пратениците од РС предлагаат престанок на мандатот на странските судии во Уставниот суд на БиХ

За судија во Уставниот суд на БиХ може да биде избран само државјанин на БиХ со право на глас кој е истакнат правник со високо, морално реноме, пишува во предлог-законот за престанок на мандатот на странските судии и избор на домашни судии во Уставниот суд на БиХ што во Парламентот на БиХ ќе го упатат пратениците од Република Српска, пренесува српски „Курир“.

Во предлог-законот е наведено дека на тројцата судии избрани од претседателот на Европскиот суд за човекови права им престанува мандатот со завршувањето на процедурата за избор на тројца домашни судии.

„Судиите избрани од претседателот на Европскиот суд за човекови права остануваат на должност до завршувањето на процедурата за избор на домашни судии“, се вели во предложеното законско решение.

Во предлог-законот се предвидува изборот на домашни судии што ќе и заменат странските да биде направен така што еден судија ќе го бира Народното собрание на Република Српска, а двајца судии ќе бидат избор на Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ, пишува „Еуроблиц“.

Парламентарното собрание на БиХ ни по 15 години не усвои закон со кој на поинаков начин ќе биде пропишан изборот на тројца судии по истекувањето на рокот, па затоа е потребно да се донесе овој закон“, стои во образложението на предлогот.Предлагачите сметаат дека е невообичаено во компаративната уставност највисокиот суд на една земја да има за судии странски држајвани и дека ставањето крај на таквата практика е неопходно од аспект на државниот суверенитет и демократските начела.

Треба да знаете
Последни објави