Search

Пратениците го ратификуваа договорот со Грција

Со 69 гласа „за“, без против и воздржани, пратениците во македонското собрание го ратификуваа договорот за името со Грција.

Собраниската Комисија за европски прашања вчера со десет гласа „за“ го усвои предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името.

Предлогот-законот за ратификација во Собранието и во собраниската Комисија за европски прашања го образложи министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој кажа дека има рокови кои мораат да се запазат до Самитот на ЕУ. Министерот Димитров рече дека спогодбата не е идеална и совршена, туку компромис на двете страни.

Македонската и грчката влада предводени од премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, на 17 јуни во грчкиот дел на Преспа, во селото Псарадес (Нивици) го потпишаа договорот.

Со овој договор името на земјава ќе биде Република Северна Македонија за севкупна употреба, со македонски јазик и македонска националност. Договорот го потпишаа министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас и посредникот на ОН Метју Нимиц.

Треба да знаете
Последни објави