Search

Пратеникот Антонио Милошоски по петти пат стана татко

Претеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски по петти пат стана татко. Неговата сопруга на свет донесе живо и здраво машко дете.

-Драги пријатели, во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката Недела ни ја разубави бебешкиот плач на новородениот Филип, синот на храбрата мама Симона, најмалото братче на Илина, Михаела, Дариа и Давид Милошоски. Малку зборови има за да опишам колку сум радосен и возбуден како татко!
Дај Боже, што поскоро да го пребродиме заедно ова невреме и со таа мисла на сите Ви пожелувам многу здравје, и радосни вести за Вашите семејства и најблиските.

Благодарни сме многу на Д-р Филип Вановски (Хистера) и Д-р Златко Палчевски (Систина) и неговиот тим!, објави на својата Фејсбук пратеникот Антонио Милошоски.

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/3190531254299652

Треба да знаете
Последни објави