Search

Практикантите ќе добиваат надоместок од 42% до 74% од минималната плата

Владата на 107-та седница го усвои и до Собранието ќе го достави предлог – законот за практиканство. Законот ќе овозможи целосно да се искористи потенцијалот на практичната работа, како и голем број на млади невработени лица без практично искуство, одреден временски период да реализираат практична работа во реални услови, со што истите ќе станат поконкурентни и полесно потоа ќе се вклучат на пазарот на трудот.

Предлог-законот предвидува практикантот за време на практичната работа кај работодавачот да добива месечен надоместок и тоа: од 42% до 74% од минималната нето плата, за практикантска работа до три месеци и во висина на минималната нето плата, за практикантска работа над три месеци.

Треба да знаете
Последни објави