Search

ППД Загреб седумнаесетти пат по ред загуби во ЛШ, Алборг убедлив против Монпелје

Ракометарите на ПИК Сегед се радуваа во пресметката против ППД Загреб во рамките на второто коло на Лигата на шампионите на ЕХФ. На свој терен во Унгарија, избраниците на Пастор го надиграа хрватскиот тим со 30-21 (10-7). Марио Шоштариќ со седум погодоци и Фримел со шест беа најдобри во таборот на Унгарците, водејќи го својот тим до славје.

Загрепчани тргнаа добро, први поведоа со 0-2 и имаа рана контрола. Сепак, со серија од 4-0 домашните ракометари го свртеа резултатот и дојдоа до највисоките плус три во првиот дел. До паузата Загреб не успеа да се врати и губеше со 10-7. Ниту во продолжението избраниците на Ивица Обрван немаа сили за кам-бек, па предноста бргу порасна и дојде до високи осум гола. Сегед до крајот го исконтролира натпреварот и убедливо го победи гостинот од Хрватска.

За ППД Загреб ова беше седумнаесетти пораз по ред во елитното ракометно натпреварување. Последната победа беше против Алборг, кој, пак, во трилер натпревар славеше над Монпелје со 36-28 (18-13).

Иако со одлична игра во првиот дел Данците дојдоа до висока позитива, не успеја да ја задржат во продолжението. Со серија од 0-5 на стартот на второто полувреме, Монпелје целосно се врати во игра. Се играше гол за гол до самиот финиш, но Алборг на крајот се радуваше.

До победата Алборг го предводеше Лукас Сандел, кој постигна 11 погодоци, а му помогнаа Ласен и Бјорнсен со по шест реализации. Кај Монпелје, максимален со „шест од шест“ беше Килијан Вилемино.

Треба да знаете
Последни објави