Search

По 500 евра казни за 27 струмичани за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Струмица до надлежен суд поднесе предлози за издавање казнени налози против 27 лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не ги почитувале одлуките и мерките на Владата на Република Северна Македонија со кои се забранува движење на населението на територијата на државата. Секој од нив, во одделни кривично правни настани, не постапил согласно прописите за сузбивање или спречување на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот, поради која е прогласена пандемија.

Заради стореното кривично дело Основното јавно обвинителство Струмица до Основниот суд Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози и за секој од обвинетите предложи судот да изрече парична казна во висина од по 50 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 10 евра во денарска противвредност.​

Струмичкото обвинителство денеска поднесе и два обвинителни предлога против вкупно две физички и две правни лица за истото кривично дело. Лицата како управители, вршеле продажба во нивните маркети, иако не поседувале дозвола за работа за време на полицискиот час.

Треба да знаете
Последни објави