Search

По 500 евра казна за непочитување на полицискиот час за 35 струмичани

Основното јавно обвинителство – Струмица во текот на денешниот ден, постапувајќи по кривичните пријави, до Основниот суд – Струмица поднесе 30 предлози за издавање на казнени налози со кои се опфатени 35 лица.

Лицата во периодот од 5.04. до 21.04.2020 година не ја почитувале забраната за движење за време на полицисиот час и се движеле надвор од своите домови. Со своите дејствија сториле кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството му предложи на судот да ги огласи за виновни и да им изрече парична казна од 50 дневни глоби при што висината на дневната глоба да изнесува 10 евра во денарска противвредност.​

Треба да знаете
Последни објави