Search

По 48 години, се реконструираше главната кујна во детската градинката „Орце Николов” во Карпош 3

По 48 години, се реконструираше главната кујна во детската градинката „Орце Николов” во Карпош 3. Целосно се променија елементите во кујната, плочките, водоводната мрежа, а се постави и ново осветлување.

Во оваа градинка во дневниот оброк се воведе и здраво нутритивно мени.

Во кујната на оваа јавна установа се подготвува храна и за две приватни градинки. Околу 600 деца  добиваат топол и здрав оброк. Нашите деца се хранат по највисоки, европски стандарди, а  храната се подготвува во подобри услови.

Се грижиме за најмладите, бидејќи предучилишното образование е темел за создавање на здрави  навики и здрави генерации.

Локалната самоуправа предводена од СДСМ и градоначалникот Стефан Богоев инвестираат во  детската заштита.

Овие денови се менува и азбестниот кров на градинката „Мајски цвет”, објектот на ул. „Римска”, во урбаната заедница Владо Тасевски.

На овој начин, го заштитуваме здравјето на најмладите, да добиваат грижа и знаење во подобри услови и здрава животната средина.

Како локална самоуправа продолжуваме интензивно да работиме на полето на детска и социјална заштита.

Треба да знаете
Последни објави