Search

По 3 години и 6 месеци затвор за Исмет Гури и Ејуп Алими во „Титаник 3“

Обвинетите во предметот „Титаник 3“, Ејуп Алими и Исмет Гури, денеска добија по три и пол годинио затвор за изборни нерегуларности во Чаир на локалните избори одржани во 2013 година. Пресудата во Кривичниот суд Скопје ја сопшти судијката Марија Клетничка, а предметот се водеше според обвинението поведено од поранешното Специјално јавно обвинителство.

Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.

Тие се теретат за изборни нерегуларности односно уништување на изборен материјал на локалните избори во Чаир во 2013 година односно направиле низа нерегуларности откако по завршувањето на гласањето, меѓу кои и преправање на бројот на добиение гласови во записниците.

Судењето за предметот траеше околу две години, случајот беше враќан и на почеток откако главната судијка која постапуваше Оља Ристова, бараше изземање. Сега судењето го води судијката Марија Клетничка.

Како обвинители во овој предмет настапуваа Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Ова е прва пресуда за некој поранешни или актуелни функционери на ДУИ во предметите на СЈО.

 

Треба да знаете
Последни објави