Search

По 20 години затвор, со ДНК метода ослободен осуденик за убиство и силување

Примената на револуционерната ДНК метода во потрагата по роднини, ослободи Американец од затвор, кој беше осуден за убиство извршено пред повеќе децении. Кристофер Тап (43) отслужил 20 години затвор од 30-годишната казна за силување и убиство на Енџи Доџ во 1996 година.

Судот во Ајдахо ја поништил пресудата на основа на доказите кои се резултат на „генетска генеалогија“ – техника со која е извршено ДНК споредување со далечни роднини.

„Тоа е нов живот, нов почеток, нов свет за мене и ќе уживам во секој ден“ рекол Тап на крајот од рочиштето.

Неговото ослободување следи откако полицијата во јули го уапсила другиот осомничен, Брајан Дрипс, кој бил идентификуван со новата технологија, а кој ја признал вината за злосторството.

Генетичката генеалогија стана популарна во октомври минатата година, кога со нејзина помош бешеидентификуван „Голден стејт убиецот“ во Калифорнија, кој се сомничеше за 12 убиства и над 50 силувања кои почнале во средината на 1970-те.

Треба да знаете
Последни објави